Се намалуваат цените на нафтените деривати
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2022
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од вчера.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,640%,кај дизелот за 1,750 отсто, кај екстра лесното за 1,745 отсто и кај мазутот намалувањето е за 4,114 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,112 отсто.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,478 ден/кги сега ќе изнесува 43,046 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 23 ноември 2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 88,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,046 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на23.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
foto freepik.com