24 Септември, 2020
0.0986

СЕ НАВРЕДИЛЕ ОД ГОВОРОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Eкс вработените во СЈО бараат извинување

Објавено во: Македонија 03 Август, 2020

Eкс вработени во стручната служба и административно-техничкиот персонал на укинатото Специјално јавно обвинителство реагираат за дел од говорот на претседателот на државата, Стево Пендаровски за Илинден во Пелинце. 

Тој изјави дека граѓаните со право се разочарани од обвинителството кое беше симбол за расчистување со организираниот криминал, а се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал. 

Поранешните вработени во СЈО сметаат дека претседателот недвосмислено зборува за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, при тоа поистоветувајќи ги сите вработени без исклучок, како да се тие дел од организиран криминал.

„Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран. Ниту една постапка на вработените во сега веќе укинатото Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не придонесе за распад на институцијата, туку истата беше укината со политички договор како што беше и создадена“, стои во реакцијата.

Тие бараат јавно извинување од шефот на државата.

Пендаровски во Пелинце кажа дека граѓаните се разочарани, затоа што сите не сме еднакви пред законот. 

Порача дека мора да се бориме со криминалот и високата корупција, и рече дека новата Влада ќе има една нова задача, затоа што беа кажани тешки квалификации во кампањата. 

Екс шефицата на СЈО, Катица Јанева во случајот „Рекет“ е осудена на 7 години затвор. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Долари пред Бислимовски за поскапувањето на струјата

(ВИДЕО) Долари пред Бислимовски за поскапувањето на струјата

Каракачанов со нова провокација: Бугарија ќе каже „не“, Македонија не е искрена

Каракачанов со нова провокација: Бугарија ќе каже „не“, Македонија не е искрена

АПАСИЕВ ЗНАЕ И ДА ПОФАЛИ - премиерот, рака на срце, вчера го ислушал во Собранието

АПАСИЕВ ЗНАЕ И ДА ПОФАЛИ - премиерот, рака на срце, вчера го ислушал во Собранието

Избрани замениците министри, се финализираат директорите: Еве кои ги избра ДУИ

Избрани замениците министри, се финализираат директорите: Еве кои ги избра ДУИ

Куртули од „шамарите во Центaр“ - Даниела Рангелова е ослободена од обвинението

Куртули од „шамарите во Центaр“ - Даниела Рангелова е ослободена од обвинението

Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Жерновски се прости од МНР и Владата: Му благодарам на Заев за шансата

Жерновски се прости од МНР и Владата: Му благодарам на Заев за шансата

По Вице, сега и Зоран Заев „го влече“ Николоски по судови

По Вице, сега и Зоран Заев „го влече“ Николоски по судови

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Циклон кон Македонија, од викендов драстична промена на времето

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Циклон кон Македонија, од викендов драстична промена на времето