21 Јануари, 2021
0.0189

СЕ ОДМАЗДУВААТ ЗА УБИСТВО: Палестински Исламски џихад влезе во војна со Израел

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2019

Исламски џихад влегува во војна со Израел, по убиството на воениот командант Абу ел-Ата. 

Аби ел-Ата(49) беше еден од најистакнатите членови на воениот совет и командант на северниот дел од Појасот Газа.

Палестински Исламски џихад денеска објави дека се подготвува за војна со Израел, откако во израелски воздушен напад, утрово е убиен нејзиниот командант за северот од Појасот Газа.

„Нетанјаху ги мина сите црвени линии со убиството на командантот на Бригадата Ал-Кудс, Наха Абу ел-Ата. Ќе одговориме силно“, изјави генералниот секретар на Исламски џихад, Зијад ал-Накхала, за арапските медиуми.

Во соопштението на Исламски џихад, се наведува дека „овие терористички злосторства се агресија и објава на војна на палестинскиот народ и непријателот ќе ја сноси одговорноста за нив“.

Военото крило на организацијата Бригадите ал-Кудс најавува „мобилизација на сите свои борци и дека почна да возвраќа на агресијата и тероризмот и силовито и храбро ќе продолжи да го брани достоинството на палестиснкиот народ“.

Движењето Хамас претходно соопшти дека убиството на Аби-ел-Ата нема да мине неказнето, а на неговиот погреб е кажано „твојата крв, е и наша крв“. Преговарачот од палестинската управа Саеб Еерекат кажа дека израелската Влада ја „сноси целосната одговорност за последиците од ова злосторство.

Таткото на командантот на екстремистичката група Исламик Џихад, Салим Абу ел Ата, изјави дека неговиот син Баха, кој е убиен во израелскиот напад врз Појасот Газа, последните денови бил многу повнимателен.

Тој изјави дека неговиот син исчезнал една седмица пред нападот и се вратил синоќа да преспие во својот дом.

„Злосторство е да се бомбардира додека спие дома“, вели таткото на командантот.

Салим Абу ел Ата потврди дека во нападот е убиена и сопругата на неговиот син. Тој имал пет деца, а се придружил на групата Исламик Џихад кога имал 16 години.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека борбите со палестинските екстремисти од Исламски џихад, кои избија откако Израел го уби нивниот командант за северниот дел од Појасот Газа, можат да бидат долготрајни. Рече дека ќе се заштитат од нападите. 

„Ова може да потрае. Потребна е издржливост и ладнокрвност“, рече Нетанјаху пред новинарите во воениот штаб, пренесоа британските медиуми.

Екстремистите одговорија со ракетирање на израелските градови, вклучувајќи го и Тел Авив, пренесоа американските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Бајден и официјално стапи на претседателската функција на САД

Бајден и официјално стапи на претседателската функција на САД

(ФОТО+ВИДЕО) РЕДОК ФЕНОМЕН: Пустината Сахара е покриена со снег

(ФОТО+ВИДЕО) РЕДОК ФЕНОМЕН: Пустината Сахара е покриена со снег

Држава оди во карантин - граѓаните да не одат подалеку од еден километар од домот

Држава оди во карантин - граѓаните да не одат подалеку од еден километар од домот

Вакцината на Фајзер/БионТек го запира новиот британски вид на корона вирус

Вакцината на Фајзер/БионТек го запира новиот британски вид на корона вирус

Не им се доставени 29 отсто од ветените дози вакцини - Италија се закани дека ќе ја тужи Фајзер

Не им се доставени 29 отсто од ветените дози вакцини - Италија се закани дека ќе ја тужи Фајзер

Горбачов разговараше за нуклеарното оружје со Бајден и очекува продолжение на „НОВ СТАРТ“

Горбачов разговараше за нуклеарното оружје со Бајден и очекува продолжение на „НОВ СТАРТ“

И по еден час откако заболен зборувал, во аеросолите во просторијата уште има коронавирус: Најново истражување

И по еден час откако заболен зборувал, во аеросолите во просторијата уште има коронавирус: Најново истражување

Анализа: По што ќе се памети Трамп и што ќе го одбележи претседателството на Бајден?

Анализа: По што ќе се памети Трамп и што ќе го одбележи претседателството на Бајден?

ИНАУГУРАЦИЈА НА БАЈДЕН: Се очекува спектакл на светски ѕвезди и десетици илјади војници од Националната гарда

ИНАУГУРАЦИЈА НА БАЈДЕН: Се очекува спектакл на светски ѕвезди и десетици илјади војници од Националната гарда