29 Септември, 2024
0.0287

Се огласи лидерот на „Молика“ по затворската казна во „Транспортер“: Вчера и се судеше на Битола

Објавено во: Македонија 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Фото: Вистина

Музичарот и лидер на групата “Молика“, Џими Мицевски кој воедно е сопруг на пејачката Анета Мицевска, се огласи по вчерашната првостепена пресуда за казна затвор од 2 години и 6 месеци. Сопственикот на фирма за транспорт во својот коментар по вчерашната пресуда вели дека вчера и се судело на Битола.

„Јас Мицевски Џими ова што сега го правам – пишувам го правам за честа и угледот прво на моите деца а потоа на мојата фамилија на мојот славеј Анета Мицевска и групата Молика..

Можеби сите сте информирани дека вчера во основниот суд во Скопје се судеше Битола поточно во мега познатиот случај Транспортер. Осудени сме сите обвинети а сите угледни и чесни грагани на Битола кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Јас сум осуден на 2 год и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење.

Јас Мицевски Џими најодговорно тврдам дека со мојата фирма Џими Турс немам наплатено ниту (1) еден скршен денар од тоа што беше пропишано со одлука на совет на општина Битола а тоа го има со ДОКАЗ во вештачењето од Бирото за судски вештачења ( значи вештачење нарачано од СЈО ). Секако дека овде ова нема да застанам со ова ќе одам и до последниот суд овде во МК да си ја докажам мојата невиност а до колку увидам како и што гледам дека сме жртви (колатерална штета) на две супроставени страни правдата ќе ја барам и во Стразбург во Франција во меѓународниот суд за човекови права…“, се вели во дел од неговиот статус.

Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години.

Мицевски беше обвинет во овој предмет за наводна злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари

„Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга јас сум спремен да одговарам во секое време…

Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго.. Меѓутоа немојте да мислите дека ќе ме скршите .. Битката продолжува. Немојте да се судите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите.. Недај бог да ви стани јасно како на мене сега што ми станува јасно.

Немам намера на никого да му се правдам и ке ве замолам вие од Порталите ако имате барем малце човечко достоинство да пишувате според факти, а не од ракав истресени информации..“, додава Мицевски.


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство