Се огласи Меркел за Брегзит - како ќе и помогне на Тереза Меј?
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2019
Ние засега сакаме да ја намалиме настанатата штета, а штетата во секој случај ќе настане со излегувањето на Велика Британија, на најмалата можна мера, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
„Затоа и натаму ќе бараме решенија за контролираното излегување на Велика Британија од Европската унија“, изјави Меркел.
Таа изрази во средата жалење поради одбивањето на британскиот парламент да го прифати договорот за излегувањето од Европската унија што го договори премиерката Тереза Меј, но ја отфрли можноста од натамошно преговарање за овој документ.
Меркел ја отфрла можноста за нови преговори за содржината на договорот за Брегзитот.
За Тереза Меј е важно да се слуша и волјата на британскиот народ.
„Секој ден што ќе мине без решение за овој проблем значи и поголема несигурност, повеќе огорченост и поголема омраза“, вели Меј.
Таа нагласи дека пред да го преземе следниот чекор, прво ќе почека да види дали нејзината Влада ужива доверба во Парламентот.
Дури 432 пратеници во Британија гласаа против договорот за излез од Европската Унија, додека само 202 парламентарци застанаа покрај премиерката, Тереза Меј.