18 Мај, 2025
0.2212

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

Објавено во: Македонија 21 Април, 2025 16:32

Добивај вести на Viber

Со длабока тага ја примив веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциско – духовен водач кој зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет, објави попладнево премиерот Христијан Мицкоски.
Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст.

Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите. Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.

Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.

Вечна му слава и благодарност“, се вели во статусот.


Можеби ќе ве интересира

Над 33 илјади семејства добиваат социјална помош во Македонија

Над 33 илјади семејства добиваат социјална помош во Македонија

ВЛЕН: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

ВЛЕН: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

Половина земја синоќа без струја поради голем дефект

Половина земја синоќа без струја поради голем дефект

„СОЈУЗНИК КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МНОГУ КАЖУВА ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“: Николоски со детали за договорот

„СОЈУЗНИК КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МНОГУ КАЖУВА ЗА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“: Николоски со детали за договорот

„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи

УЖАСЕН НАПАД ВО ЛОНДОН: Пет лица избодени, полицијата го бара напаѓачот

УЖАСЕН НАПАД ВО ЛОНДОН: Пет лица избодени, полицијата го бара напаѓачот

ВКУПНО 60 ЛИЦА ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ - по пукањето во Прилеп се бара заштита за вработените

ВКУПНО 60 ЛИЦА ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ - по пукањето во Прилеп се бара заштита за вработените

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово

ЗЕМАЛ ЗАЕМ ОД 25 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ДВА СТАНА - тешка измама во Тетово