28 Март, 2024
0.0268

Се огласија политичари кои се против промена на полот на државна сметка

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е против тоа операциите за промена на полот да ги покрива Фондот за здравствено осигурување.

„Разузданоста на деспотот нема крај. Кога граѓаните плачат поради неквалитетното здравство каде цената неретко е човечкиот живот и власта нема решение, сега се најавува промена на пол на државна сметка. Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од сè друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните“, порача Мицкоски.

За истото реагираше и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. 

„Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна, а уште помалку на моја сметка. Да се разбереме, не сум против лични слободи и права,  маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во представничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци“, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Промена на пол на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе се прави на скопските клиники, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија