19 Април, 2024
0.0265

СЕ ОГЛАСИЈА РЕГУЛАТОРИТЕ: Не е точно дека поскапата струја ќе ги зголеми цените на другите производи

Објавено во: Економија 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната енергија ќе ги зголеми цените на производите.

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се однесува само за регулираниот пазар на електрична енергија. Најголем дел од индустриските и комерцијалните потрошувачи сами набавуваат електрична енергија на слободниот пазар по цени коишто не ги определува Регулаторната комисија за енергетика. Цената на електричната енергија на слободниот пазар во Северна Македонија во 2020 година е пониска за приближно 9 отсто во однос на 2019 година, што значи дека и трошокот за електрична енергија на индустриските и комерцијалните потрошувачи во 2020 ќе биде помал во однос на 2019. Во наредниот период индустријата ќе има пониски трошоци за електрична енергија во споредба со 2019 година и тоа позитивно ќе влијае врз нејзиното работење во овие кризни времиња“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека со одлуките од 31 јули 2020 година преку фактори на корекција на МЕПСО му го намали приходот за 2020 година за 13,25 милиони евра, додека на ЕВН ХОМЕ за 4,5 милиони евра, поради тоа што овие компании во 2019 година оствариле поголем приход од одобрениот.

Во однос на методологијата и трошоците кои се признаваат, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има влијание на околу 40 отсто од вкупно прикажаните трошоци, додека на 60 отсто од трошоците нема влијание. Трошоци кои не се предмет на регулација се следните:

1.  Трошок за купување електрична енергија од ЕСМ.Регулаторната комисија за енергетика согласно Законот за енергетика од 2019 година повеќе не ја определува цената на ЕСМ, туку оваа компанија со своја цена настапува на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ. Во 2019 година цената по која ЕСМ обезбедуваше електрична енергија за домаќинствата изнесуваше2,1218 ден/kWh, додека во 2020 година изнесува 2,3496ден/kWh, односно е повисока за 10,74%. Цената на ЕСМ во 2020 година е пониска од цената на ЕСМ за 2017 година за 7%.

2.  Трошок за купување на електрична енергија од повластени производители, кој е утврден и гарантиран со Законот за енергетика уште од 2009 година.

3.  Маржата на универзалниот снабдувач, во износ од 11,5%, определена на тендер распишан од Владата и утврден за период од 5 години, до јули 2024 година. Со маржата се покриваат сите оперативни трошоци, но и ненаплатените побарувања на универзалниот снабдувач. Процентот на наплата кај домаќинствата изнесува 90%.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената за дистрибуција на електрична енергија за домаќинствата е намалена за 0,38%.

Структура на трошоци при определување на цена на електрична енергија за крајни потрошувачи на регулиран пазар



Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите