26 Април, 2024
0.0277

СЕ „ОСВЕСТУВААТ“ ЛИ ПОЛЕКА ГАЗДИТЕ ДЕКА ВО НЕДЕЛА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РАБОТИ - само една забрана од 15 дена при последните контроли

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Се освестуваат ли полека газдите дека недела веќе законски е прогласена за неработен ден и дека доколку тоа стриктно не го бара процесот на работа, работниците не смеат да бидат принудувани да работат на тој ден?

Најновите контроли на Државниот инспекторат за труд од последната недела говорат дека само еден работодавач заработил клуч на врата поради тоа што кај него биле откриени работници кои работат, иако тоа е забрането за нивната дејност, согласно најновите законски прописи. За разлика од последнава недела, пак, за претходната имаше дури три казни забрана за вршење на дејноста во траење од по 15 дена, или вкупно четири откако стапија на сила законските новини.

Дали газдите се решиле стриктно да ги почитуваат законите и да не ризикуваат од двонеделни забрани на работењето, дали малку можеби затајуваат контролите поради ладното време, или, пак, работниците кои незаконски се принудувани да работат едноставно не се решаваат да ги пријават своите претпоставени, е прашање кое ќе се расчисти во наредниот период.

Она што е факт е дека за најголем дел од работниците, односно за 92 отсто, значи освен во секторите каде тоа стриктно не го бара процесот на работа, недела е неработен ден и тие не смеат да бидат принудувани да одат на работа, а во спротивно работодавачите се соочуваат со високи казни. За оние, пак, кои мораат да работат во недела, предвидено е дека треба да земаат повисоки дневници, за 50 отсто редовно и за 100 отсто во трговијата, како и да бидат ослободени од работа еден ден во текот на наредната недела. Газдите, пак, до ДИТ треба да ги пријават своите работници кои ќе мораат да работат во неделите.

Инаку, трудовите инспектори во последнава недела биле на терен и направиле 37 вонредни контроли, уловувајќи притоа неправилности кај девет работодавачи, но дури седуммина поминале со решение дека треба да ги отстранат пропустите. Еден добил опомена, а само еден заработил клуч на врата од 15 дена.

„На ден 23.01.2022 година извршени се вкупно 37 вонредни инспекциски надзори на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори.При инспекциските надзори утврдени се девет неправилности кај работодавачи, при што кај седум работодавачи е утврденанеправилност по различни основи и е донесена инспекциска мерка решение за отстранување на неправилностите. Кај еден работодавач е увидено дека ја нема пријавено работата во недела, со што сторил повреда на член 2 став 7 од Законот за изменување и дополнување на ЗРО, со што е изречена инспекциска мерка опомена, согласно член 258 од ЗРО, а кај еден работодавач е издадено решение за забрана за работа во недела во траење од 15 дена“, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за труд.

Фактор веќе пишуваше дека претходно, од стартот на законското решение, за вкупно три недели неработен ден, направени беа вкупно 126 вонредни инспекциски надзори, и изречени се повеќе опомени, додека, пак, четворица газди заработиле и клуч на врата за своите објекти, односно забрана за вршење на дејноста во траење од две недели.  

Претходната недела беше „најплоден“ инспекторски ден, односно тројца работодавачи добија затворање, а еден предминатата недела, откако кај нив трудовите инспектори затекнале работници или работник како работат спротивно на законските прописи.

Претходно, Државниот инспекторат за труд ги извести фирмите кои согласно измените на Законот за работни односи имат обврска да достават Известување за вршење на работа во недела, дека тоа известување се доставува до нив еднаш годишно.

Имаше и објава до работниците, а тоа е дека во недела ќе работат дежурни инспектори, па работниците доколку бидат принудувани да работат, слободно да ги пријават несовесните газди.

И додека ДИТ, кој патем чека и нов директор бидејќи досегашната главна трудова инспекторка Јована Тренчевска отиде на поодговорна позиција, односно стана министерка за труд и социјална политика, си ја врши својата работа, законските измени за недела неработен ден, уште не профункционирани како што треба, веќе се оспорени пред Уставниот суд.

Стопанската комора на Северна Македонија поднесе две иницијативи до Уставниот суд за да се оформат предмети во врска со одлуката недела да биде неработен ден.Едната иницијатива се однесува на измените на Законот за работни односи со кој недела се прогласува за неработен ден. Според Уставниот суд, подносителот ги оспорува измените како спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Другата иницијатива се однесува на измените на Законот за трговија. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото, владеењето на правото и начелото на еднаквост од Уставот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија