СЕ ОТКАЖА ОД РАБОТА ВО КАНЦЕЛАРИЈА: Од раскажување тајни приказни направи туристичка атракција
Објавено во: Финансии, Балкан 09 Јануари, 2017
Ива Сила, 35 годишна загребчанка го оствари сонот на многумина.
Таа пред 4 години даде отказ иако имаше канцелариска работа и почна да шета. Сепак оваа девојка добро живее и заработува.
За 4 години таа во својата фирма Secret Zagreb изработила 12 теми кои се поврзани со градот.
Некои се однесуваат на мистика, други на легенди, и работи кои не се познати за Загреб.
„Идејата да организирам мрачни вечерни тури низ Загреб ми се јави кога видов како тоа функционира во познати светски градови. Еден ден ги собрав сите скици од рути, сите книги кои ги собрав и одлучив да почнам со Secret Zagreb. Почнав прво на блог да ја тестирам идејата и потоа почнав со канцелариска работа“ - раскажува таа.
Додава дека досега имала околу 10.000 посетители претежно странци.