29 Март, 2024
0.0358

Се пишуваат законските измени: Повисоки плати за армијата административци

Објавено во: Економија 06 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Повисоки плати за вработените во јавната администрација ќе предвидат Измените на законот за исплата на платите на кои веќе работи Министерството за труд и социјална политика. Владата одлучи да ги зголеми платите на армијата административци за да ги мотивира вработените во јавниот сектор. Ова покачување веќе беше најавено и од Министерството за финансии тврдеа дека парите се обезбедени во годинашниот буџет. Одредбите на изменетиот закон се прецизираат сега, иако првично најавата беше дека повисоките плати ќе се исплатуваат од септември годинава. Платите треба да пораснат за пет проценти.

„Со цел да се овозможи поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор, а согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија, а во рамките на планираните средства со Буџетот, се создадени услови за дополнување на Законот.Со дополнувањата на законот ќе се овозможи покачување на платите на вработените во јавниот сектор, стои во објаснувањето на законот кој е во фаза на подготовка.

Владата сака да ги зголеми платите на административците иако признава дека бројот на вработените во јавниот сектор е голем. Секојдневно сведоци сме и на нови варботувања, а се најавува реформа за префрлување на дел од административците во приватниот сектор.

Годинава во буџетот кој се уште не претрпе измени односно не беше подготвен ребаланс беа предвидени 28,4 милијарди денари за плати. Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски уште лани рече дека зголемувањето на платите е во пресрет на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

„Предвиденое покачување на платите за 5 проценти за вработените во буџетските корисници во последниот квартал од годината, односно почнувајќи со исплатата на септемвриската плата. Ваквото зголемување се предлага со цел подобрување на стандардот на живот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи, особено во фаза на спроведувањето на преговорите околу интеграцијата во ЕУ и НАТО, изјави Тевдовски.

Фактор пишуваше дека до мај, најголем дел од буџетските трошења се за тековни трошоци односно за плати, услуги и мебел.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи