СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ЈА ПРИСИЛАТ УКРАИНА НА ЛОШ МИР - Борис Џонсон вели дека тоа е поради економските последици
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2022
Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата изјави дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор со Русија што не е во нејзин интерес.
Тој притисок врз Украина може да дојде, смета Џонсон, поради економските последици од војната во Европа.
„Премногу земји велат дека ова е европска војна која е непотребна... и затоа притисокот ќе се зголеми за да се охрабрат - можеби да се принудат - Украинците на лош мир“, изјави тој за телевизиските станици во главниот град на Руанда, Кигали, каде што присуствува на Самит на Комонвелтот.
Џонсон рече дека последиците од евентуалното остварување на плановите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ќе бидат опасни за меѓународната безбедност и ќе значат „долгорочна економска катастрофа“.