24 Април, 2024
0.0303

СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ ЗА МИНИСТЕР - и Костадинов одговори на 30 прашања

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

По техничкиот премиер Оливер Спасовски, и вицепремиерките Мила Царовска и Радмила Шекеринска, со видео со 30 кратки прашања и одговори во јавоста излезе и портпаролот на владејачката СДСМ и пратеник, Коста Костадинов.  

Тој е дел од новото издание на „30 прашања со” што го објави денеска СДСМ. 

Од одговорите може да се види дека најдобар пријател на портпаролот на партијата е неговата девојка, а омилена телевизиска серија му е „Хаус оф кардс“ која ја гледа со добро оладена чашка струмичка мастика.

Негов најголем херој е неговиот покеоен татко, Костадинов себе си се опишува како тврдоглав, упорен и решителен, а пресуден момент за да се занимава со политика му бил режимот и репресијата кон граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ. 

Најнервозен е кога дома место леб му даваат рајс кејкс, но вели, што да правам. Омилена храна му е охридкса белвица, но да ја јаде во Радожда, струшко.   

Најдобар совет што го добил е трпение спасение. 

Кого сакал да запознае а немал можност, дефинитивно е Атиџе од Ханиленд. 

Омилена книга му е „Екс катедра“ од Ферид Мухиќ, на што Коста Петров кој го прави интервјуто вели „Туу, а јас мислев се гледаме на врвот“.

Најлуда работа што ја слушнал за себе е дека „преминал во ВМРО-ДПМНЕ“.

Кога би имал супер моќ - дефинитовно би го тргнал национализмот од главите на луѓето, така светот ќе биде подобро место за живеење. 

Што му недостига најмногу од Струмица? „Од Струмица ми фали буквално се, луѓето, улицата, саботниот хаос и метеж и неделниот струмички мир“, вели Костадинов.

Најголема слабост му се моторите. Денот , пак, не може да го замисли без работа.

Последна серија што го смее е Преспав.

На 18 годишниот Коста би му дал совет - верувај во себе и никогаш не се откажувај од своите цели.

Најгорд е со мерката на Владата за субвенционирање на компаниите што ќе ги зголемат платите на вработените до 6.000 денари. 

Тој нема омилен пратеник од опозицијата, вели - не постои таков.

Најлоша навика му е што тешко простува, а надјобра е што проблемите ги решава сега и веднаш. 

Спомен од детството - прошетките со дедото по Огражден планина. 

Омилен струмички збор, бунела, што значи вилушка.

Има ли нешто во овие две и пол години што сакаше да го направиш, а немаше можност, го прашуваат, а тој одговара - all checked, се е исполнето.

И за крај што е најважната лекција научена во твојата политичка кариера? „Историјата ги памети оние кои што носат одлуки, а не оние што побегнале од нив“, одговара Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција