23 Септември, 2020
0.0195

СЕ ПОНЕОБРАЗОВАНИ УЧЕНИЦИ: Објавени резултатите од ПИСА, Македонија на дното

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Македонија се најде на дното на табелата на глобалниот ПИСА ранкинг на учениците ширум светот во кој се анализирани знаењата по математика, наука и читање. Според резултатите кои денеска ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) подобри постигнувања од нашите средношколци имаат тие од Србија, Албанија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина.

Македонија се најде годинава на 67 место. Македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.

Тестот ПИСА се прави секои три години и се користи како показател за тоа кои земји ги подготвуваат младите најдобро за следните предизвици во животот.

Повторно, на врвот се азиските земји. Кина е прва, Сингапур на второто место, а на третото место е Макао Кина, четврта е Хонк Конг, Естонија се искачи на петтото место.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Расте бројот на заразени, а има и пет починати од коронавирусот

Расте бројот на заразени, а има и пет починати од коронавирусот

Љубе Бошкоски се чувствува добро: Примам терапија уште неколку дена

Љубе Бошкоски се чувствува добро: Примам терапија уште неколку дена

Пендаровски: Ќе се скенираат операторите кои набавуваат чувствителни технологии

Пендаровски: Ќе се скенираат операторите кои набавуваат чувствителни технологии

Оливер Спасовски си го казни партискиот лидер Заев за неносење кацига

Оливер Спасовски си го казни партискиот лидер Заев за неносење кацига

ИЈЗ: Само за една недела регистрирани се 951 позитивни на ковид, зголемен и бројот на починати

ИЈЗ: Само за една недела регистрирани се 951 позитивни на ковид, зголемен и бројот на починати

Несторовска се враќа во МВР како државна секретарка, ќе се спаси ли од лажните мејлови

Несторовска се враќа во МВР како државна секретарка, ќе се спаси ли од лажните мејлови

Повозрасните наставници во паника: Тешко се снаоѓаме со новите технологии, онлајн предавањата ќе ни бидат проблем

Повозрасните наставници во паника: Тешко се снаоѓаме со новите технологии, онлајн предавањата ќе ни бидат проблем

Нема веќе простување: Град Скопје присилно ќе наплатува данок на имот и фирмарина

Нема веќе простување: Град Скопје присилно ќе наплатува данок на имот и фирмарина

Прво посебен протокол, па на кино и театар во Македонија

Прво посебен протокол, па на кино и театар во Македонија