СЕ ПОВЕЌЕ ФЕКАЛИИ: Jaдранот загаден

Објавено во: Балкан 11 Август, 2019
Јадранското Море секој ден станува сè позагадено, а експертите веруваат дека поради ваквата состојба на капачите им се закануваат и многу зарази, пишува хрватски „Индекс“.
Најпроблематична е состојбата во, за многумина, најубавиот хрватски град, Дубровник.
Во втората половина на јули е забележано значајно излавање на отпадни води кај Дубровник, па инспекторатот за заштита на животната средина им наредил на градските власти да воведат забрана за пливање на плажа во Колочеп.
„Во морето има се повеќе фекалии, но тоа може да се реши со носење на соодветни регулативи“, вели за „Индекс“, Жарко Кобоевиќ од поморскиот оддел на Универзитетот во Дубровник.
Тој додава дека хрватската страна на Јадранот е се позагадена пропорционално со зголемувањето на бројот на чамци и јахти.
Кобоевиќ како можно решение го наведува примерот на Калифорнија, која во однос на фекалиите го прогласи целото крајбрежје како „No discharge“ зона, што значи дека е забрането испуштање фекалии од пловилата во морето.
Можеби ќе ве интересира
СЕРИЈАТА ЗЕМЈОТРЕСИ НЕ ПРЕСТАНУВА: 4,5 по Рихтер го испаничија Крит, се скокало наоколу

(ФОТО) Популарно грчко летувалиште како во бајка покриено од снег

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО АЛБАНИЈА: Зошто зградите од земјотресот се урнаа како кула од карти?

Во рок од десетина минути два земјотреси ја стресоа Албанија

ВРАТЕТЕ ГИ ЛУЃЕТО ОД КОСОВО - Еди Рама со итен повик до министрите

ПУТИН МУ ЗГРМЕ НА БОРИСОВ: „Ќе ја заобиколиме Бугарија лесно ако го одложуваш намерно Турски тек“

(ВИДЕО) ЕВЕ КОЛКУ ТРАЕШЕ: Се појави снимка од разорниот земјотрес во Албанија
