20 Март, 2023
0.0222

СЕ ПОВЕЌЕ ГРАДБИ ВОН ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ, мораториумите ги избркаа инвеститорите на периферија на Скопје

Објавено во: Економија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Нов раст на бројот на одобренија за градба, регистрираше државниот завод за статистика, што на некој начин може да се толкува и како знак за заживување на градежниот сектор. Упатените велат оти зголемениот број одобренија се карактеристични за овој период од годината, но додаваат дека има нови тенденции во градежниот сектор.

Се поголем интерес и нови инвестиции има во делови од градот кои во минатото важеа за неатрактивни, а ова според инволвираните се должи на мораториумите, но и на намалениот простор за градба во централното јадро.  

- Сега има една промена во однесување на инвеститорите. Наспроти поранешното мислење дека одредени региони се неатрактивни, непримамливи за градење, денеска се гради токму на локации во главниот град кои некогаш важеа за неатрактивни. Кон ова уддел има и фактот дека во примамливите делови од градот веќе нема место за градба, но и поради мораториумите со кои се спречуваше градење, се придонесе да станат овие реони од градот попримамливи за градба. На некој начин се ставија во функција населби кои претходно како да беа подзаборавени, како Маџари, Бутел, Ѓорче, Чаир, Илинден, левата страна на реката Вардар, покрај булевар Трета Македонска бригада, Борис Трајковски... Сега инвеститорите се ориентираа кон овие локации, на кои забрзано се гради – укажува градежниот експерт Никола Велковски.

Велковски за Фактор појаснува дека уште една тенденција која се забележува меѓу градежната фела е преориентирање кон помали градби, кон објекти кои не се толку масивни.

-  Ако порано повеќе се градеа и се бараа дозволи за А2 објекти, сега веќе многу е поголем интересот за А1, или тоа се индивидуални објекти кои имаат до пет спрата и поткровје, и такви објекти кои се градат во Тафталиџе, Козле, Влае, Лисиче, Хром... Тие станаа поатрактивни за инвеститорите. Се намалија атрактивните локации каде се градеа поголеми објекти, што се должи на фактот дека голем дел од просторот е изграден, а дополнително има многу нерешени имотно правни односи, па градежниците се преориентираа кон помали објекти, но и понастрана од централното градско подрачје – појаснува Велковски.

Бројките говорат дека во јануари годинава се издадени 390 одобренија за градење, што е за 50,6 отсто повеќе во однос на истиот месец претходната година. Растот на одобренијата според упатените се должи на сезонскиот карактер на дејноста.

-  Инвеститорите во зимните месеци, ноември, декември, јануари, февруари најчесто припремаат документација. Овој период не важи за период кога се почнува со градби, туку повеќе се насочени компаниите кон изработка на документација за градење. Тоа е една од причините зошто овој период има зголемени одобренија за градба, така работат компаниите, бидејќи во зимниот период се остава на средување документи, додека преку годината повеќе се занимаваат со оперативни задачи, и некако зимниот период останува повеќе за барање нови одобренија – појаснува Велковски и додава дека во зминиот период се намалува градежната офанзива.

Посочува оти е позитивно што се враќа растот на одобренијата за градење, со оглед на влијанието на градежниот сектор врз економијата.

- Потребно е ширење и нови градби надвор од центарот на градот, кон попериферните населби, да се остават зелени делови и во централното подрачје.  Наша цел во комората е да се насочат градежните активности кон попланско градење, да се овозможат поквалитетни услови за живот во секоја населба, да има простор за рекрација во секоја населба, а не да се згуснуваат градбите само во центарот на градот. Светските трендови покажуваат дека се повеќе луѓе бараат населби за стално живеење во кои ќе имаат подобри услови за живот, и тоа е најчесто кон перифериите. Но, за ова да го овозможиме во градот, ќе биде неопходно да се овозможат сите предуслови за развој на периферните населби, почувајќи од соодветна патна поврзаност, јавен превоз, комунални услови, па се до училишта, згрижувачки установи – посочува Велковски и додава дека градот Скопје има каде да се шири, но за тоа се потребни предуслови за квалитетен живот.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски