20 Април, 2024
0.0355

Се повеќе мажи од селата не се женат: По едно или ниедно прваче во селските училишта

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во многу градови, па и села во Македонија опаѓа бројот на првачиња, како резултат на миграцијата на населението надвор од државата и падот на наталитетот.

Во училишните клупи годинава седнаа 20.302  првачиња, а лани имало 21.250 првачиња,  или за 948 деца помалку. Ако се вратиме наназад, во учебната 2015-2016 година се запишани 21.747 првачиња.

Во подрачното основното училиште „Кочо Рацин“ во кратовското село Шлегово, е запишано само едно прваче, а следната година се очекува да има повеќе ученици во прво одделение.

Во „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане има 11 првачиња, а лани имало 16 деца кои тргнале на настава.

Опаѓа бројот на правчиња и во едно од поголемите радовишки села, Ораовица.

„Оваа година имаме 8 првачиња, а лани беа 5. Најголем проблем е иселувањето, луѓето се иселуваат во Европа“- вели Снежанка Филипова, директорка на ОУ„Свети Кирил и Методиј“ во Ораовица.

И во струмичките села кои важат за живи села ако се споредат со други населени места во земјава, исто така има пад на бројот на првачиња.

„Ако минатата година запишавме 21 прваче, сега имаме 16 првачиња. Ова се деца кои учат во Моноспитово и Бориево, село кое е на 2 км од Моноспитово. Некогаш имаше и по 40 деца во генерација, но тоа беше пред 10 години“ - рече Соња Бучковска, директорка на ОУ„Борис Трајковски“ во Моноспитово, Општина Босилово.

Во пет подрачни училиштата во Струмица нема првачиња. Во  Сачево, Габрово, Дорломбос, Мемешли и Орманли нема запишано ниту еден ученик во  прво одделение, а по еден ученик има запишано во селата Водоча и Попчево.

Aлександра Анишева, професор по социологија во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци објаснува дека за ваквата состојба има повеќе фактори, меѓу кои се намален наталитет, повлекување на луѓето од селата кон градовите или заминување надвор од државата, доцна стапување во брак и раѓање на само едно дете, или фактот дека во руралните средини има голем број мажи кои воопшто не основале семејство.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите