25 Април, 2024
0.0370

Се повеќе признанија за автономијата на Западна Сахара и нејзината припадност кон Мароко

Објавено во: Свет 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Се следи состојбата во камповите во Тиндуф

Адвокатот од Апелациониот суд во Париз, Хубер Сејан, тврди дека мароканската припадност на Западна Сахара е неоспорна, со што се придружува на многу меѓународни аналитичари и набудувачи кои го бранат територијалниот интегритет на Мароко.

Сејан ja потенцираше мароканската припадност на регионот и покрај маневрите на фронтот  Полисаро, кој бара независност над регионот, и на неговиот поддржувач и финансиер Алжир.

За време на неговата неодамнешна анализа, адвокатот ја стави во фокус  реакција на Алжир на одлуката на неколку африкански земји да отворат дипломатски мисии во Западна Сахара, во градовите Дахла и Лаајун во мароканските јужни провинции.

Во исто време замбиската политичарка Грејс Њапау Ефрати, поранешен Заменик министер за внатрешни работи и пратеник, во изјава објавена во Африка Деј ја повтори ексклузивноста на политичкиот процес предводен од ОН и ветувањето на Мароканскиот план за автономија за решавање на прашањето на Западна Сахара.

Според Њапау, конечното решение за прашањето за Западна Сахара мора да биде во рамките на политичкиот процес на ОН со цел да се зајакне африканската интеграција. Таа ги покани африканските држави да ги остават настрана идеологиите од времето на Студената војна и решително да го поддржат политичкиот процес предводен од ОН во согласност со официјалниот став на Африканската унија.

Добро е познато дека фронтот Полисарио е силно вооружен и има голем буџет за одржување на својата воена опрема. Лидерите на споменатиот фронт, исто така, постојано ја користат хуманитарната состојба во камповите во Тиндуф за да го привлечат вниманието на институциите на ЕУ кон маките на бегалците што живеат таму. Земено предвид тоа што УНХЦР (Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации) не дозволи да се спроведе официјален попис на населението во кампот, и покрај повиците за оваа состојба во резолуциите на Советот за безбедност на ООН, се поставува прашањето дали ЕУ е свесна за оваа состојба и кои активности може да се преземат за да се следи хуманитарната помош испратена до камповите во Тиндуф и да се осигури трошењето парите на даночните обврзници во ЕУ.

Њапау го истакна Планот за автономија на Мароко како единствена рамка што ги исполнува параметрите на Советот за безбедност на ОН утврдени во Резолуцијата 2494 за реално, прагматично и трајно политичко решение за Западна Сахара базирано на компромис. Таа, исто така ги повика сите страни да се придвижат кон политичко решение засновано врз Планот за автономија.

За официјалниот претставник на Замбија, пандемијата КОВИД-19 е можност да се преиспита местото на пан-африканските идеали во денешниот свет. Таа го истакна кралот Мохамед V како основач и татко на пан-африканизмот за време на конференцијата во Казабланка во 1961 година, од која произлезе Организацијата на африканското единство (ОАЕ).

Њапау, исто така потсети на водечката улога на Мароко во деколонизацијата на африканските држави, особено преку директната поддршка за националните ослободителни движења низ целиот континент.

Во контекст на пандемија која од Африка бара еластичност и сила, продолжи таа, кралот Мохамед VI започна иницијатива насочена кон поддршка на африканските земји во нивните различни фази на управување со здравствената криза. Њапау ја нарече иницијативата на Кралот „прагматична и ориентирана кон акција“ и рече дека ќе им овозможи на африканските земји да разменуваат искуства и најдобри практики.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови