29 Септември, 2024
0.0251

СЕ ПРАВАТ СИТЕ НАПОРИ ЗА СКОПЈАНИ ДА НЕ СМРЗНУВААТ ОД ЈАНУАРИ - БЕГ, Регулаторна и Владата во мисија за набавка на гас

Објавено во: Економија 30 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Се прават сите напори за скопјани да не смрзнат од стартот на идната година, какви што се појавија информации во јавноста, со оглед на тоа што се уште не е потврдено дека е обезбедена количина на гас потребна за загревање на домовите од следната година. 

Фактор ги праша во БЕГ дали има ризик потребните количини гас да не се обезбедат за од стартот на идната година и дали е можно на први јануари граѓаните на Скопје да се разбудат со студени радијатори, на што го добивме следниов одговор. 

„Балкан Енерџи Груп, Регулаторната Комисија за енергетика и Владата на Република Северна Македонија се максимално ангажирани за да се обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија кај потрошувачите приклучени на системот за централно греење до крајот на грејната сезона“, се вели во одговорот што го добивме од БЕГ.

Претходно од „Макпетрол“ за Фактор изјавија дека компанијата ги обезбедила потребните колични гас од „Гаспром“ за сите свои потрошувачи, компании кои со години ги снабдува со енергенсот, но потенцираа дека тие не се вклучени во процес на набавка, ниту претходно преговарале за било какви колични за ТЕ-ТО или за БЕГ. 

„Макпетрол“ го склучи договорот со руски „Гаспром“ за набава на гасот за домашни потрошувачи по цена за 30 отсто пониска од берзанската. Со овие количини ќе се снабдат повеќето компании во слободните зони, „Алкалоид“, топланите на ЕСМ, топланите на Скопје Север.

Како што веќе пишуваше Фактор, БЕГ од РКЕ бара зголемување на цената на парното за 300 отсто веќе од први јануари, а како причина за тоа го навеле стрмоглавиот раст на цените на овој енергенс на светските берзи.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи