28 Март, 2024
0.0306

Се празнува Свети Климент Охридски-наш најголем светител, просветител и учител

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Свети Климент Охридски (840 - 27 јули 916, Охрид) — македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методијкој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија.

По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат какоКутмичевица) каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.

Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база,универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

Најголемиот дел од моштите се чува во Македонија на Плаошник, покрај тие во Македонија има мошти на Св. Климент воБигорскиот Манастир, Во Митрополијата во Битола, Во Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје и во Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје, и во Поречки Манастир Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија), има дел од моштите со големина на нокт и воПловдив има честица од моштите. Неговиот череп се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер, Егејска Македонија. Во 70 тите честица од моштите е однесена и во Рим.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проcветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св. Ѓорѓи, Св. Тома, Св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија