25 Април, 2024
0.0271

Се пролонгираат парламентарните избори во Албанија

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Албанскaта владејачка партија и опозиција се согласија да го одложат спроведувањето на парламентарните избори во земјата за една недела. Така, наместо на 18 јуни, изборите ќе се одржат на 25 јуни. 

Тие исто така го претставија и заедничкиот пакет мерки, со кој се гарантира спроведување наизборите, пишува весникот "Балкан инсајт". Во рамките на предложените мерки опозициските партии ќе назначат свој привремен вицепремиер и шестмина министри одговорни за ресорите за внатрешни работи, здравство, образование, млади, финансии и правда.

Претставниците на опозицијата ќе назначат и привремени лидери на пет од најважните агенции во земјата, кои се одговорни за ширењето на енергетските ресурси, регистарот на недвижности, Агенцијата за легализација и конструкцијата, како и онаа за затворите и урбан развој. Како дел од договорот опозицијата ќе раководи и со Централната изборна комисија и канцеларијата на народниот правобранител. 

Целта на новонаименуваните им е да и ги овозможат на опозицијата бараните гаранции дека општите избори ќе бидат фер и праведни. Во текстот на договорот се наведува дека ќе бидат воведени промени во законодавството кои ќе предвидуваат построги казни за купување и продавање на гласови кои веќе ќе се казнуваат како корупција. Договорот се очекува да биде продолжен и по изборите следниот месец. За време на разговорите опозиција и власта се согласија да ја зајакнат и борбата против трговијата и производство на дрога.

Со тоа се става крај на тековниот бојкот од февруари на парламентот од страна на опозициските партии, кои исто така одбија да учествуваат на изборите.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)