СЕ РАЗГОРУВА ЕПИДЕМИЈАТА ВО БЕЛГРАД: Во новиот Ковид-центар само за еден ден примени 107 пациенти
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2020
Само еден ден откако Клиничко-болничкиот центар „Бежанијска коса“ во Белград беше пренаменет во уште една Ковид-болница во главниот српски град се примени 107 пациенти. Според директорката на овој Ковид-центар, просечната возраст на пацинетите е околу 50, што значи дека се знаќително помлади од првиот бран на болеста.
Д-р. Здравковиќ за РТС наведува дека сите пациенти имаат средна или тешка клиничпшка слика.
-Вчера до 13 часот примивме 107 пациенти. 12 од нив се на интензивната нега, додека четворица се интубирани. Нивната просечбна возраст е 50 години. Најмладиот примен пациент има 23 години, додека највозразниот е на 86-годишна возраст, вели во изјаварта за РТС, д-р. Здравковиќ
Имунологот, Срџан Јанковиќ појаснува дека корона вирусот и понатаму има силен потенцијал на ширење, заради што и Кризниот штаб реагирал на се што се случуваше во Србија во изминатиот период, олабавување на мерките, организирање на избори, нагласувајќи дека зголемениот број на заразени е јасен сигнал дека граѓаните мора да ги преземаат сите мерки на заштита.
-Потенцијалот на ширење е голем, затоа го стегаме противепидемискиот обрач. Брфојот на заразени од ден на ден е се поголем, мора да бидеме целосно подготвени за негово сузбивање, вели д-р. Јанковиќ.