28 Март, 2024
0.0262

Се ребрендира најголемиот и најмоќниот синдикат - ССМ бара повисоки плати и работнички права

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Се ребрендира најголемиот и најмоќниот синдикат во земјава, Сојузот на синдикати на Македонија. 

Велат дека и ребрендирани, остануваат насочени кон истата цел, а тоа е заштита на правата на работниците. 

„Новото нормално, предизвикано од здравствената - ковид криза наметна насекаде во светот вклучително и во нашата држава потреба од брзо, ефикасно и стручно делување на сите субјекти со цел да се обезбеди функционирање и развој на економските и општествените односи. Во овие услови се покажа дека социјалното пратнерство е единствено можно решение за креирање на политики и стратегии и дека сите социјални партнери треба и мора да делуваат здружени за иста цел - национален опстанок и развој. Со својота посветеност и стручен ангажман насочен кон намалување на последиците од здравствената криза врз животот и здравјето на работниците и граѓаните, ССМ докажа дека е важен дел од социјалното партнерство“, потенцираат ССМ во своето соопштение до јавнста. 

Нагласуваат дека нивното стручно, модерно и брзо делување и обезбедување на ефикасна онлајн достапност за потребите на членството и во услови на Ковид криза, обезбедило сигурен пристап до трудовите и егзистенцијалните права на сите работници и граѓани без исклучок и дискриминација.

„Ваквото ново и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваме нашите ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците. Ги очекуваме нивните иницијативи и насоки затоа што сите ние сме здружени со иста цел - остварување, заштита и унапредување на работничките права.

Членството е нашата сила, неговата доверба е наша моќ и мотив за делување, сите ние заедно здружени во ССМ сме насочени кон иста цел – обезбедување на достоинство на трудот и работата изразено преку: повисоки, реални и фер плати, намалување на сиромаштијата, социјална сигурност, унапреден социјален дијалог, здрави и безбедни услови за работа, заштита на човековата околина, солидарност и еднаквост без дискриминација по ниеден основ“, потенцираат од Синдикатот.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“