16 Април, 2024
0.0259

СЕ ШВЕРЦУВА ДУРИ И АРОМА ЗА НАРГИЛЕ - Царината заплени разни стоки

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во текот на минатите четири седмици, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани облека, украси, хируршки материјали, стакла за очила, леќи за очи, маслиново масло, суплементи, парфеми, хидраулично масло, користени велосипеди и тротинети, па дури и ароми за наргиле и фалсификати, соопштија царинските власти.

Од Царината велат дека привремено се задржани 366 парчиња облека, 25 парфеми, 25 полначи за телефони и 2.000 синџирчиња и приврзоци, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Запленети се и облека, но и 819 парчиња хируршки материјали и инструменти (катетри, игли со конец, аортни канили,  жици за фиксирање градна коска, венски канили, хируршки ножици, васкуларен графт, ларингоскопи и друго), откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при рентгенска контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Биле запленети и очила, леќи, маслиново масло, но и суплементи за спортисти.

А, интересно е и што биле запленети и 149 шишенца од 60 ml со ароми за наргиле, марка Healthy Hookah, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на куферот на канадски државјанин кој допатувал со лет од Дубаи. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Дури и детски велосипеди се нашле во запленетата стока од Царината.

Запленета е и стока за која има сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост и тоа 79 парчиња ознаки за ташни од заштитени трговски марки, откриени при контрола на пратка од Хонг-Конг наменета за фирма увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење.  Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност, велат од Царината.


Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница