Се стресе Грција, но и делови од јужна Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан 29 Јули, 2019
Земјотрес од 4 степени вечерва во 21.33 часот e регистриран во Грција.
Земјотресот е почувствуван во Солун, Серес, но и во Македонија, во делови од Струмичко и Гевгелија.
Епицентарот е на 2 км од местото Терпни, на 19 км од Серес или на 57 км од Солун. Измерен е на длабочина од 10 километри.