Се стресоа три држави во регионот
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2018
Земјотреси денеска имаше во три држави во регионот.
Потрес од 3 степени денеска ја погоди Грција, а земјотрес повторно е регистриран и во Албанија пред околу еден час со јачина од 2,8 степени по Рихтер.
По силниот земјотрес од 5,2 степени, денеска имаше нов силен земјотрес во Албанија со јачина од 4,8 степени, а пред тоа и невреме.
Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 7:35 часот е регистриран на подрачјето на Сараево.
Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина, информира дека потресот бил со јачина од три степени според Меркалиевата скала.
Земјотреси денеска имало и во Турција, Иран, Италија, Полска.