20 Април, 2024
0.0267

СЕ СУДРИЈА МУСЛИМАНИ И ХРИСТИЈАНИ: Опожарени се домови, а 55 луѓе загинаа

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Се судрија христијани и муслимани во северниот дел на Нигерија, при што најмалку 55 луѓе загинаа,  информираше денеска Кабинетот на нигерискиот претседател,  Мухамаду Бухари.

При инцидентите се опожарени неколку домови и предизвикана е поголема материјална штета.

Тој ги осуди насилствата. Од неговиот Кабинет велат дека честите крвопролевања, што се должат на недоразбирања кои можат да се решат по миртен пат, се неприфатливи.

„Ниту една култура или религија не треба да го оправдува посегнувањето по човечки живот“, стои во соопштението на Кабинетот на Бухари. 

Судирите започнале во четвртокот меѓу припадници на муслиманското племе Хауса и христијанското Адара на пазар во градот Касуван Магани во сојузната држава Кадуна. По интервенцијата на полицијата ситуацијата времено се смири, но вчера група млади христијани нападнале припадници на локалната муслиманска заедница, што предизвика нови судири.

Локалната полиција соопшти дека во Касуван Магани од вчера е воведен полициска час и дека се уапсени 22 лица, учесници во немирите.

Конфликтите на верска основа се честа појава во Кадуна, а како повод за судирите најчесто се спорови околу контрола на земјиштето за пасење стока и одгледување земјоделски производи меѓу муслиманите, кои се традиционално сточари и христијаните, кои претежно се занимаваат со полјоделство.

При слични судири во Кадуна во февруари оваа година загинаа 10 лица и се опожарни стотици домови.

Во почетокот на 2010 година, избувнале немири помеѓу христијанското и муслиманското население во Централна Нигерија, во близина на градот Џос. Првиот облик на насилство започнал на 17 јануари 2010 и траел најмалку четири дена. Голем број на куќи, цркви, џамии, возила биле уништени за време на конфликтот. Најмалку 200 луѓе биле убиени. Конфликтите продолжиле и во наредните месеци. 

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан