17 Јуни, 2025
0.0305

СЕ ТОПИ ПРЕДНОСТА НА ЕРДОГАН - опозицијата оптимистична, Киличдароглу тврди: Водиме

Објавено во: Свет 14 Мај, 2023 20:57

Добивај вести на Viber

Со пребројани околу 75 отсто од гласовите, јазот меѓу двајцата водечки претседателски кандидати се намалува, според државната новинска агенција Анадолија.

Актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган сега има 50,76 отсто, а потоа следи неговиот противкандидат од опозицијата од левиот центар Кемал Киличдароглу со 43,43 отсто и националистот Синан Оган со 5,31 отсто.

Според претходно објавените резултати по преброени помалку од 30 отсто од гласовите, Ердоган имал поголема предност со 55,03 отсто од гласовите, додека главниот опозициски кандидат Киличдароглу освоил 39 отсто од гласовите, објави претходно Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Анадолија.

Сепак, треба да се напомене дека најмногу се очекува од гласовите во најголемиот град Истанбул.

Опозицијата ја обвинува Анадолија дека прво го пренесува пребројувањето на гласовите на АКП во искривена слика за вкупниот број и вели дека тие се напред.

Најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), води паралелно пребројување со ставање набљудувачи на секоја гласачка кутија и фотографирање на секое гласачко ливче додека се брои.

„Според нашите резултати, со преброени 23,87 отсто од гласовите, Кемал Киличдароглу е пред“, рече Мансур Јаваш, кој е и градоначалник на Анкара, додавајќи: „Овие податоци доаѓаат од цела Турција и можам да кажам дека сме во водство во Истанбул и Анкара“.

Киличдароглу накратко твитна: „Ние водиме“.

Киличдароглу води во Истанбул

Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) рече дека раните резултати изгледаат позитивно за Киличдароглу.

Фаик Озтрак, портпаролот на партијата, во телевизиски говор рече: - Според податоците што ги добивме досега, гледаме многу позитивно на табелата. Кога бројот на отворени гласачки кутии ќе достигне значителна бројка, ќе почнеме да го објавуваме бројот на гласови.

Шефот на партијата ЦХП во Истанбул и водечка опозициска личност Канан Кафтанчиоглу ги објави првите резултати од тој град, а тие се уште го фаворизираат Киличдароглу.

Со внесени 15 отсто од гласачките кутии во системот во Истанбул, ситуацијата е Киличдароглу да води со 51,33 отсто од гласовите, а Ердоган има 43,94, додека Синан Оган има 4,45 отсто.

Потегот се чини дека е дизајниран да ги смири вознемирените опозициски гласачи додека пребројувањето продолжува.

Во меѓувреме веќе почна да се зборува за опасноста од наместени избори.

„Никогаш не оставајте ги гласачките кутии без надзор, ниту за момент, без разлика на се“, рече Киличдароглу, главниот противник на Ердоган на Твитер.

„Сакам да ги повикам нашите херои на демократијата. Никогаш не ги напуштајте гласачките кутии додека не се поднесе конечниот потпишан извештај за гласачката кутија“, напиша тој.

Врховната изборна комисија на Турција претходно ја укина забраната за известување на резултатите од изборите, која првично важеше до 21 часот по локално време.

Но, кој победи ќе остане неизвесно уште некое време.

Ако некој кандидат може да обезбеди половина од претседателските гласови, тој ќе биде крунисан за победник - ако не успее, трката оди во втор круг.

Шест опозициски партии ги здружија силите, избирајќи го опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу за свој кандидат.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Виена повеќе не е најдобриот град за живеење - која метропола ja симна од тронот?

Виена повеќе не е најдобриот град за живеење - која метропола ja симна од тронот?

ПОРТПАРОЛОТ НА ИРАНСКИТЕ СИЛИ ДО САД: Mу дозволувате на вашето бесно куче да извршува злосторствa

ПОРТПАРОЛОТ НА ИРАНСКИТЕ СИЛИ ДО САД: Mу дозволувате на вашето бесно куче да извршува злосторствa

„ТРАМП ДОЛЕВА МАСЛО НА ОГНОТ“: Се огласи Кина за улогата на американскиот претседател во односите меѓу Израел и Иран

„ТРАМП ДОЛЕВА МАСЛО НА ОГНОТ“: Се огласи Кина за улогата на американскиот претседател во односите меѓу Израел и Иран

ИРАН УДРИ ТОЧНО НА МОСАД – РЕКЕТИРАН ОПЕРТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Гори оган во центарот на Тел Авив

ИРАН УДРИ ТОЧНО НА МОСАД – РЕКЕТИРАН ОПЕРТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Гори оган во центарот на Тел Авив

Кои се опциите на трамп за Иран?

Кои се опциите на трамп за Иран?

НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАKУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“

НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАKУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“

КОЈ Е ПОМОЌЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Како се споредуваат во воена сила?

КОЈ Е ПОМОЌЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Како се споредуваат во воена сила?

ПАДОТ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ ЌЕ ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: „Ќе има големи проблеми“

ПАДОТ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ ЌЕ ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: „Ќе има големи проблеми“

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху