Се трага по маж кој го однеле водите на Вардар
Објавено во: Македонија 22 Март, 2019
Полицајци и пожарникари повеќе од три часа трагаат по маж кој паднал во водите на Вардар на излезот од Гостивар.
Гостиварец во полиција пријавил дека околу 16 часот во близина на селото Мало Турчане забележал тело на маж кое го носела водата. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Близу селото Балиндол го изгубил од вид по што е повикана полицијата и пожарникари.