Се урна американски Ф-16
Објавено во: Свет 25 Април, 2018
Американски воен авион Ф-16 се урна додека се обидувал да слета на аеродром во Аризона, соопштија претставници на воздухопловната база Лук.
Пилотот се катапултирал и не е потешко повреден. Авионот извршувал тренажен лет.Други детали не се соопштени.