Се урна авион веднаш по полетувањето
Објавено во: Свет 18 Мај, 2018
Еден авион Боинг 737 се урна денеска кратко време по полетувањето од главниот аеродром во Хавана, пренесе Ројтерс.
Информацијата ја објави кубанската веб-страница Кубадебајт, додавајќи дека сé уште не е познато дали имало жртви.
Ова се случило во Хозе Марти во Хавана, во провинцијата Олгуин.
Авионот бил на лет кон Гвајана.
Според првичните информации имало 107 луѓе во авионот. Забележан е оргомен облак од чад.
Во моментот на местото на несреќата се медицински екипи.