Се урна хеликоптер - повредени се војници
Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2019
Се урна хеликоптер во турскиот град Истанбул.
Четворица војници се повредени откако турски воен хеликоптер се урна во станбен реон на Истанбул. Веста ја соопшти истанбулскиот гувернер Али Јерликаја.
„Воениот хеликоптер се урна додека се обидувал принудно да слета врз станбен комплекс во квартот Чекмекој, во азискиот дел на Истанбул“, напиша Јерликаја на Твитер.
Повредените војници веднаш се префрлени во болница.