24 Април, 2024
0.0267

Се урна хрватски воен хеликоптер дониран од САД

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Хрватски воен хеликоптер се урна в море кај островот Зларина а на местото на настанот беа испратени два бродови на поморската полициска станица заедно со полицајците од другите полициски станици, а за инцидентот беа известени сите други служби. Хрватските медиуми известуваат дека засега е извлечено едно безживотно тело, за кое се претпоставува дека е на пилотот. За другите членови на посадата се уште се трага.

Хеликоптерот од типот Kiowa Warrior се урнал во 10.30 часот.додека изведувал рутински тренинзи. Станува збор за модел на летало кое хрватската армија ги прими како подарок од САД. Вкупно такви се 16 хеликоптери што беа донирани во 2015 година затоа што беа прогласени за вишок во САД. Медиумите тврдат дека обуката на хрватските пилоти на овие хеликоптери траела една година.

Сите 16 одбрани хеликоптери беа произведени меѓу 2010 и 2012 година и имаат од 100 до 600 часа време на летање. Хеликоптерите ја имаат целата стандардна опрема и оружје  во согласност со копнените правила и стандарди на американската армија. Од избраните хеликоптери, 14 се уште се наоѓаат во активната единица на американската армија, што е гаранција дека тие ќе бидат во активна употреба до средината на следната година и ќе се одржуваат според пропишаните стандарди, или нема да бидат зачувани во трајно складирање, со што значително се намалуваат трошоци за Република Хрватска (деконзервација, инспекција, тест летови, лиценцирање и пловидбеност и сл.), напиша хрватското министерство за одбрана на својата веб-страница во 2015 година, откако хрватските стручњаци направија избор и увид на хеликоптерите.



Можеби ќе ве интересира

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница