СЕ УРНА ПОЖАРНИКАРСКИ ХEЛИКОПТЕР ВО ТУРЦИЈА, двајца загинати, петмина повредени
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2022
Две лица загинаа, а петмина се повредени по уривањето на пожарникарски хеликоптер кој летал кон турското летувалиште Мармарис, каде гори шума.
Во хеликоптерот имало двајца Руси и петмина турски државјани. Турското Министерство за внатрешни работи не го соопшти идентитетот на загинатите.
Сè уште не е позната причината за несреќата.
Во гаснење на шумскиот пожар во близина на Мармарис, за што се претпоставува дека е подметнат, вклучени се 15 хеликоптери и осум авиони, 500 пожарникари со 40 камиони-цистерни и полициски водени топови.
marmaris yine yanıyor pic.twitter.com/mtQHMdgvPi
mdash; Ceylan Adnan (CeylanAdnan3) September 21, 2022
Фото: Принскирн/Твитер