СЕ ВАКЦИНИРАШЕ 18 ГОДИШНАТА ГРЕТА ТУНБЕРГ - остра критика за нееднаквата распределба на вакцините меѓу богатите и сиромашните земји
Објавено во: Свет 28 Јули, 2021
Шведска активистка за климатски промени, Грета Тунберг, вчера ја прими својата прва доза на вакцина против коронавирусот.
„Благодарна сум и привилегирана што живеам во дел од светот каде што можам да се вакцинирам“, напиша 18-годишната девојка на Твитер, со фотографија од лепенката за фластер на левата рака.
Покрај тоа, Тунберг ја критикуваше дистрибуцијата на вакцините низ целиот свет, велејќи дека таа е „крајно нееднаква“.
Цитирајќи го Њујорк Тајмс, младата активистка напиша дека досега 84 проценти од дозите биле администрирани во земји со висок и висок среден приход, а 0,3 проценти биле користени во земји со ниски примања.
„Никој не е безбеден се додека сите не бидат безбедни“, додаде Тунберг, повикувајќи ги луѓето да не се сомневаат во безбедноста на вакцината.
„Вакцинацијата спасува животи“, рече Грета Тунберг.
Во Шведска досега 77 проценти од возрасната популација примиле барем една доза од вакцината, а скоро половина од возрасните се целосно вакцинирани.
Извор и фото: Индекс.хр