Се вика како политичар од СФРЈ, по професија е машински инженер, но еве од што живее
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2018
Бора Јовиќ од српската општина Сврлиѓ, по скоро три децении производство на вино и ракија, овие денови ќе направи органска ракија, и тоа од сопствен овоштарник, пишува српски Курир.
Во атарот на селото Мержелета на надморска височина од 510 метри, на четири хектари има свој овоштарник, со органски сливи, хектар аронија и дваесет хектари лозје.
„Планирам да произведам меѓу 4000 и 5000 хектари органска ракија. По моите сознанија, тоа ќе биде прва органска ракија која ќе биде произведена во Србија. Но, нема да ја понудам на купувачите веднаш, туку ќе почекам четири - пет години“ - вели Јовиќ.
Тој веќе седум години прави органско вино од аронија, а ќе почне да прави и органски јаболков оцет.
Јовиќ вели дека има сериозни планови за производство, тоа што овие органски производи се барани.
Додава дека не е проблем да се произведе, затоа што има фирми кои се занимаваат со откуп.