СЕ ЗА КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА: Вештачка интелигенција ќе биде вклучена на свадбата
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Според она што го пишува Sky News, на големиот спекталк-кралската венчавка помеѓу принцот Хари и Меган Маркл ќе се користи софтвер со вештачка интелигенција (AI) за препознавање на лица за време на преносот од свадбата на 19-ти мај.
Тоа значи дека како што ќе пристигнуваат гостите, нивните имиња и информации врзани со нив ќе се емитуваат во преносот.
Софтверот ќе биде напојуван од Rekognition на Amazon, систем за машинско учење за кој компанијата вели дека може да детектира, следи и анализира лица, вклучувајќи ги и оние на познатите личности, а користењето на овој AI систем ќе биде поевтино од плаќање на водител кој би ги истражувал и изговарал имињата и информациите за гостите како што ќе пристигнуваат.
После ова се отворија многу прашања за приватноста, како ќе се одрази имплементирањето на овој систем како и можноста за негово неконтролирано преземање.