СЕ ЗАДОЛЖИВМЕ 53,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Колку треба да вратиме за три дена
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2019
Старите долгови се трупаат а државата се задолжува за да ги врати.
Вчерашното задолжување не чинеше скоро 53,5 милиони евра, а веќе денеска треба да вратиме 45 милиони.
За три дена пак треба да се вратат уште осум милиони евра.
Надлежното министерство се правда дека тоа се редовни аукции и со ова задолжување се враќаат долгови стари од пред пет години.
-Станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред 5 години, соопштија од Министерството за финансии.