Се жалат дека немаат работа, а никој не се јавува на огласи
Објавено во: Финансии 09 Август, 2018
Иако во текот на месецот се објавуваат околу 63 огласи за фризери и козметичари, сепак газдите мака мачат да најдат луѓе за работа.
За нијанса полесно се наоѓаат градежни работници, а тешко се наоѓаат куќни помошнички, слаткари, готвачи, пица мајстори, возачи, курири.
Дури многу од луѓето одбиваат да работат како келнери.
На огласите се јавуваат помалку кандидати од што се бараат работници.
Ваква е состојбата во Србија. За некои работни места кандидатот мора да се избори со конкуренцијата, а за други конкуренција не постои.