Се запали просторија во Лешочкиот манастирски комплекс
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2019
Пожар изби во просторија во Лешочкиот манастирски комплекс.
Во СВР Тетово ноќеска во 02.50 часот е пријавено дека настанал пожар во просторија од Манастирскиот комплекс во с.Лешок, тетовско, при што е опожарен ситен инвентар. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово, а увид е извршен.