Се здружија 15 банки од Македонија
Објавено во: Финансии 20 Април, 2018 14:17
Денеска во Скопје се одржа Основачко собрание на Македонска банкарска асоцијација формирана од15 банки и 2 штедилници основани во Република Македонија.
За Претседател во наредниот 4 годишен период едногласно беше избран Коста Митровски, главен извршен директор и претседател на Управен одбор на Универзална Инвестициона банка АД Скопје.
За заменик-претседател беше избран Тони Стојановски, генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска Банка АД Скопје.
„Здружението на банкарството, делувајќи како стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, во досегашниот период оствари значителни резултати во унапредувањето на најдобрите банкарски стандарди во Република Македонија, тргнувајќи од интересите на сите негови членки како и интересите на финансискиот систем и економијата на Република Македонија. Како придружен член во Европската Банкарска Федерација со перспективи за полноправно членство во рамките на процесот на евроинтеграции на Република Македонија, Здружение на банкарство имаше неминовна потреба од трансформација во самостоен правен субјект по примерот и искуствата на сите останати земји, како од ЕУ, така и од нашиот регион“, се вели во нивното соопѓтение.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





