Се зголемил бројот на туристи, Бектеши тврди дека мерките дале резултати
Објавено во: Економија 14 Септември, 2021
Зголемен e бројот на туристи и ноќевања.
Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто. Kај домашните туристи растот е за 56,6 отсто, а кај странските за 56,6 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 46,4 отсто, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.
Како што објави Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136 291, од кој 66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618.314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.
Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала, смета министерот за економија Крешник Бектеши.Oд Србија имало над 8.500 туристи, од Турција 2.811, од Германија 2.392, од Албанија 1.286 туристи.