Се зголемува бројот на жртви во руската зграда на смртта, на Путин веќе му пристигнуваат сочувства
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2019
Најмалку 37 лица, меѓу кои и шест деца, според најновиот официјален извештај, се мртви од експлозијата во станбениот блок во градот Магнитогорск, Русија, а откако бројот на регистрирани жртви започна да се зголемува се повеќе, почнаа да пристигнуваат и писма со сочувства до претседателот Владимир Путин.
Истрагите во урнатините идентификувцаа идентификуваат четири нови лица, кои допрва треба да бидат извлечени, но шансите дека тие ќе бидат живи се минимални, бидејќи поминаа четири дена од катастрофата и температурите во Магнитогорск често се под -20 целзиусови степени.
Засега само шест лица беа спасени по уривањето, вклучувајќи и две деца.
Во прилог на студ, спасувачките екипи се соочуваат со ризик од понатамошни колапси. Во изминатите часови беше разрушен опасен ѕид, кој се протегаше од шестиот до деветтиот кат на блокот на становите.
Властите како причина на експлозијата, што се случи во зори во понеделникот наутро, го наведуваат протекувањето на гас