СЕ ЗНАЕ ЛИ ИЗНОСОТ: Блиските на загинатите кај Ласкарци ќе бараат отштета
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019
Семејствата на загинатите од автобуската несреќа која се случи во февруари кај скопско Ласкарци бараат отштета. Но, износот засега не е познат.
Тие на денешното судење во Основниот суд во Скопје се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и побара отштета. На денешното рочиште се произнесуваа дел од оштетените, повеќето се од семејствата на починатите патници. Следното рочиште е закажано за 18 октомври, кога треба да сведочат преживеаните патници.
Во автобуската несреќа кај селото Ласкарци, загинаа 16 луѓе, а 37 беа повредени. За несреќата се обвинети шест луѓе - сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари вработен во фирмата, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.