(ВИДЕО) Седми национален протест во Албанија: Има повредени и уапсени
Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2019
Триесетина уапсени и десетици други придружувани во полициската станица.
Ова е билансот од вчерашниот протест на опозицијата
во Албанија,
пишува во полициските досиеја, пренесуваат медиумите.
Седмиот национален протест на опозицијата започна со говорот на Баша пред Кабинетот на премиерот.
Демонстрантите го обвинуваат социјалистичкиот премиер Еди Рама за корупција и врски со организираниот криминал.
За време на протестот имало и еден млад човек кој имал повреди на нозете.
Опозицијата тврди дека биле застрелани, додека владата соопшти дека се ранети од капсулите.
Албанските медиуми пишуваат дека вчера вечер 13 лица, 10 полицајци и 3 демонстранти биле повредени.Pamje me dron nga protesta gjatë fjalimit të Bashës #Tirana #Protest pic.twitter.com/fSbAufP9kl
— Gazeta SOT (@Gazeta_SOT) June 2, 2019
Фото Java News
Видео Gazeta SOT