20 Април, 2024
0.0280

Седмото издание на Глобалниот форум за никотин дава одговори како да се откажете од пушењето и да направите позитивна промена

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Иднината на тутунската индустрија, намалувањето на ризикот, регулативите и правото на избор на потрошувачите, примена на наука и иновативни решенија според упатствата на регулаторите, креаторите на законот, здравствените работници и експертите беше главната тема на Глобалниот форум за никотин (ГФН) кој оваа година се одржа седма година по ред.

На конференцијата се собраа околу 30 научници од различни области поврзани со никотин, кои имаа можност да разменат мислења и ставови за различни теми. Секој од нив носи поинаква перспектива за производите за намалување на ризикот од користењето на тутунските производи. ГФН опфати широк спектар на теми од областа на регулативата, науката и политики за заштита на потрошувачите кои се потенцијално релевантни за тутунската индустрија.

Иако оваа година форумот се одржа онлајн поради пандемијата на Ковид-19, условите на организацијата не ги спречија научниците и експертите за јавно здравје да ја нагласат потребата дека за 1,1 милијарда возрасни лица кои не можат да се откажат од пушењето треба да им се понуди помалку штетна алтернатива како што се ‘вејп’ производите (електронски цигари), никотински фластери и производи кои не го горат, туку го загреваат тутунот. Оттука, пристапот за намалување на штетните состојки од користењето на тутунските производи треба да го добие своето заслужено признание од страна на креаторите на политиките и владите на глобално ниво.

Според професорот Гери Стимсон, Професор Емеритус на Империјал колеџот во Лондон кој го имаше главното обраќање: „Намалувањето на ризикот од користењето на тутунски производи  е во најдобар интерес на јавното здравство. Започнува со луѓето, оние кои пушат и оние кои се префрлиле на избраната алтернатива. Ова поттикнува промена. Развојот на помалку штетни производи не се коси со контролата на користењето на тутунските производи, туку мора да биде дел од неа“.

Професорот Дејвид Свинор, од Центарот за здравствено право, политика и етика при Универзитетот во Отава, рече: „Потрошувачите во многу земји, вклучително и Шведска, Норвешка, Исланд и сега Јапонија, покажаа дека кога им е дадена можност, преминуваат на помалку штетни алтернативи. Замислете што ќе се случи ако луѓето имаат пристап до широк спектар алтернативи со помала штетност и доколку добиваат информации за потенцијалниот ризик. Можноста што ја имаме е да ја промениме радикално насоката на јавното здравство, оставајќи ги притоа цигарите во историјата“.

Во оваа насока беше говорот и на д-р Моира Гилхрист, научник од областа на фармацијата која 10 години е дел од тимот на Филип Морис и посветена на развој на помалку штетни производи. “Нашата цел е иднина без чад - иднина во која на сите возрасни пушачи кои би продолжиле да пушат, им нудиме опција да преминат на научно поткрепени производи што се помалку штетни од пушењето.” Д-р Гилхрист во своето излагање рече дека влијанието на овие производи без чад веќе се гледа, притоа посочувајќи на една неодамнешна истражувачка студија објавена во угледното меѓународното списание за истражувања во животната средина и јавното здравство, која заклучува дека брзото паѓање на продажбата на цигари во Јапонија се должи токму на воведувањето на овој пазар на производите кои го загреваат тутунот. „Во идеален свет, би разговарале како да ги реплицираме овие резултати од Јапонија што е можно побрзо и во што е можно повеќе земји. Но, во реалноста ние сме многу далеку од тоа“.

Според неа, „Голем број јавни здравствени организации воопшто не се подготвени објективно да ја прифатат можноста што ја нудат производите без чад, како IQOS. Зошто? Бидејќи овие решенија доаѓаат од тутунската индустрија. Тие ги оправдуваат своите ставови повторувајќи текстови од пред 20 години. Но, за 20 години во светот напредуваше и науката и технологијата. Организациите и поединците кои решиле да не гледаат јасно на работите, учествуваат во научна цензура, што резултира во забуна помеѓу возрасните пушачи и корисници на алтернативни производи, иако овие производи се подобро решение отколку да продолжат да пушат“.

Кларис Виргино, активистка од Филипини за воспоставување фер регулатива на алтернативните производи, а која се занимава со едукација на пушачите за алтернативните производи на цигарите, како и за придобивките од префрлањето на овие алтернативи, во нејзиното излагање, зборуваше за потрошувачкото право на избор.  Според Виргино: „Производите за намалување на ризикот, како што се уредите кои го загреваат тутунот, вејп или електронските цигари, нема да влијаат само врз луѓето кои веќе ја направиле промената, тоа ќе влијае на милиони луѓе, кои сè уште се обидуваат да се откажат од обичните согорливи цигари, лишувајќи ги од правото да ја направат промената или во основа само да изберат. Правото на една личност да го избере тоа е основно човеково право. Овие производи се ставени на располагање за да може да се намали, ако веќе не се искорени пушењето. Овие се помалку штетни производи што можат да им помогнат на луѓето да ја отфрлат лошата навика. Лоша навика која не само што влијае на самиот пушач, туку и на луѓето околу него преку чадот што се испушта.”

Организатори на Форумот се KAC Комуникации кои преку својата сеопфатна платформа обезбедуваат инклузивна дебата за никотинот, јавното здравство и поврзување помеѓу различни научници и експерти од областа.  Организаторите сметаат дека дијалогот и вклучувањето на сите засегнати страни е единствениот начин за постигнување реална, одржлива промена, како за тутунската индустрија, така и за ефектите врз јавното здравство поврзани со намалувањето на пушењето.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга