Седум земјотреси ја погодија Грција
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2018
Седум послаби земјотреси се регистрирани денеска во период од неколку минути во реонот на Спорадските Острови и Крит во јужниот дел на Егејското Море.
Според Атинскиот сеизмички инстиут, првиот и најсилен потрес, со интензитет од 3.8 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во близнината на островот Крит.
По ова, следела серија од пет земјотерси во реонот на Спорадските острови, со јачина од меѓу 1,9 и 2,7 степени според Рихтер, додека последниот, седми, потрес со интензитет од 3,7 степени, повторно е регистриран во близината на Крит.
Весникот „Вима“ објави дека грчките сеизмолизи внимателно ја следат состојбата во регионот на денешните земјотреси.
Нема инфромации за жртви или предизвикани материјални штети.