Седумнаесет годишно дете прегазено во Гостивар
Објавено во: Македонија 13 Март, 2018
Имено, патничко моторно возило „Фолсфаген џета“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 38- годишниот Б.И од Долна Бањица, гостиварско удрило во 17 годишен пешак од Гостивар, се вели во соопштението од полиција.
Пешакот се задобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, пренесен е во Комплекс клиники ''Мајка Тереза" Скопје.