28 Март, 2024
0.0251

Седумнаесет општини и граѓански здруженија ќе добијат грантови за Проекти за заштита на природата

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Седумнаесет апликанти, општини и граѓански здруженија ќе добијат грантови во висина од 50.000 до 100.000 евра за проекти за заштита на природата. Грантовите се доделуваат во рамки на Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, вредна четири милиони евра, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и физичко планирање.

Целта на проектите е да се подобри заштитата на природата и одржливата употреба на природните ресурси, додека истовремено се зголемува капацитетот на органите на управување со заштитените подрачја, оштините и граѓанските здруженија да раководат и да ги промовираат заштитените подрачја на професионален и одржлив начин.

Во тесна конкуренција, со поднесени вкупно 79 апликации, Комисијата за евалуација избра 17 грантисти врз критериуми на квалитет, одржливост, диверзитет и согласност со локалните и национални стратегии за заштита на природата.

За да ги добијат грантовите, избраните кандидати во наредниот период ќе треба да ја завршат и интензивната програма за зајакнување на капацитетите преку која концептите ќе бидат преточени во комплетен проектен план. 


Список на избраните кандидати и нивните проекти:

1.  Општина Кавадарци – Воспоставување одржливо управување со природниот резерват Тиквеш.

2.  Општина Гостивар – Поттикнување на локалната заедница да го истражува, промовира и заштити природното наследство на Пештерата Убавица.

3.  Општина Прилеп – Промовирање на одржливо управување со споменикот на природата Маркови кули.

4.  Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (CeProSARD) – Подобрување на управувањето со природните ресурси на Националниот парк Пелистер.

5.  Милеуконтакт Македонија – Заштита на биодиверзитетот на пасиштатат на Шар Планина.

6.  Здружение за локален и рурален развој – Создавање услови и поддршка на животната средина за рурален развој преку вреднување и заштита на природните ресурси во Маврово Ростуше.

7.  КОЦКА – Создавање на национален атлас на заштитени подрачја.

8.  Извиднички центар Крсте Јон – Мониторинг на појасот со трска во Охридското Езеро и развој на одржлив туризам.

9.  Урсус Спелеос – Обезбедување одржлива заштита на природата на споменикот на природата пештерата Слатински извор.

10.  Извор, граѓанско здружение – Одржливо управување, заштита и промоција на споменикот на природата Куклица во Кратово.

11.  Елипса Куманово– Заштита на природното наследство во Бислимска клисура, Кањон на природата.

12.  Натура Нова – Брендирање на шумски производи за заштита на биодиверзитетот и промоција на туризмот на планината Беласица.

13.  Еко свест – Воспоставување мониторинг и систем на  управување во заштитено подрачје Вевчански извори.

14.  Еко Туризам 2016 – Подобрување на управувањето и одржливото искористување на Белчишко блато (Сини Вирои).

15.  Ловно друштво Тиквешија – Заштита и промоција на биодиверзитетот на Дреновска клисура и планината Кожув.

16.  Синиот проект – Заштита и промоција и одржливо управување со споменикот на природата Дувало.

17.  Балканска фондација за одржлив развој – Промоција на одржливо управување со природните ресурси во Преспанскиот регион.

Општините и граѓанските здруженија учествуваа на повикот за помалите грантови  преку поднесување на предлог проекти, додека органите на управување со осум поголеми заштитени подрачја се во фаза на подготовка на проектни предлози за грантови од 200.000 до 400.000 евра. Овие грантови ќе бидат доделени на националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро, Јасен како строг природен резерват и Кањонот Матка како споменик на природата.

Добитниците на грантовите ќе бидат објавени на церемонија што ќе се одржи на 29 март 2018 година на Маркови кули.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира