19 Април, 2024
0.0293

СЕФФ: Преку регионално поврзување – зајакнување на отпорноста на економиите на идни шокови

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Преку регионална соработка и поттикнување на конкурентноста на економиите, ќе се зголеми нивната отпорност на идните шокови, а воедно и ќе се забрза развојот на регионот и одделните национални економии. Ова е еден од столбовите на кои ќе се темели дискусијата на претстојниот Скопје економски финансиски форум - СЕФФ, кој во организација на Министерството за финансии, ќе се одржи на 30 и 31 мај во хотелот „Александар Палас“. На форумот се предвидени високи функционери од регионот и земјава и претставници на бизнис секторот и експертската јавност.

Во изминатите неколку месеци се покажа дека меѓусебната поддршка помеѓу земјите во регионот значи многу во надминувањето на шоковите кои ги донесе ценовната криза. Исто така, на среден рок, поврзувањето на пазарите и намалувањето на трошоците за движењето на стоки и услуги во регионот, ќе придонесе за пристап до поголем број на потрошувачи од страна на компаниите. На тој начин полесно ќе можат да постигнат економија од обем и да ја зголемат конкурентноста.

Во таа насока е и иницијативата „Отворен Балкан“, кон која се приклучивме заедно со Србија и Албанија, а која има за цел да ги опфати и останатите земји од регионот на Западен Балкан. Економските и трговските бариери го намалуваат капацитетот за раст на регионот. „Отворен Балкан“ води кон бришење на границите како административни бариери и ги овозможува четирите европски слободи за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.  Во рамки на иницијативата склучени се договори со кои се укинуваат граничните контроли за да може стоката да поминува речиси без доцнење и кои им овозможуваат на граѓаните слободно да работат во другите земји.

Исто така, се преземаат и повеќе иницијативи за јакнењето на иновативноста и претприемништвото на компаниите, пред се преку олеснување на пристапот до капитал. Во таа насока, креирани се повеќе фондови и линии кои ги таргетираат претприемачите и развојот на малите и средни бизниси, како најголеми креатори на работни места. Преку Фондот за иновации и технолошки развој, како и формирањето на Гарантата шема, целта е да подобри пристапот до капитал за претприемачите, кои ќе креираат додадена вредност и ќе придонесат за раст на конкуретноста и економскиот перформанс. 

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга